Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово

Три одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Берово, Скопје и Велес, и во трите од нив мажи пријавиле дека биле физички нападнати од своите сопруги.
Во Берово, 45-годишен маж пријавил дека по претходна расправија во семејниот дом, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга.
Во Скопје, пак, 44-годишен маж пријавил дека во дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга.
Одделен случај бил регистриран и во Велес, каде што полицијата ги лишила од слобода 54-годишната К.Т. и Д.С.(51). Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата К.Т., а пријавил и дека сопругот на неговата вонбрачна партнерка телефонски му се заканувал.
За случаите се преземаат мерки, а по нивно целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
