Приказната за чичко Љубе доби среќен крај и нов почеток!

Mногумина се сеќааат на чичко Љубе од Рекорд и неговата тажна приказна. Тој несебично се грижи за кучињата скитници со кои покрај истата судбина, несебично гo дели и лебот. Оваа тажна приказна денеска доби среќен крај и уште посреќен почеток.
„За овој добар човек денеска се случи чудо, а за сите нас голема радост и среќа“ – сподели на социјалните мрежи Наташа Стоилковска познат активист за заштита на животните.
На чичко Љубе му се насмевна среќата и благодарение на Наташа од денес тој има пристојна работа и комплетно нов изглед.
Да, добриот чичко Љубе, легендата од Рекорд ќе работи како чувар на Lounge Bar Katana, ќе има редовен оброк и ќе биде осигуран.
Секоја чест за Наташа Стоилковска и уште неколку хумани лица, а на чичко Љубе му посакуваме среќа во новиот почеток.



Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
