Прилеп бара воздушна поддршка за справување со шумските пожари
Прилепскиот кризен штаб бара воздушна поддршка во текот на утрешниот ден за да се справи со двата големи шумски пожари во околината на градот. Барањето, потврдува прилепскиот градоначалник Илија Јованоски ќе биде официјализирано на состанокот на кризниот штаб од 18 часот.
– Бараме и во текот на утрешниот ден да ја имаме помошта од припадниците на Армијата и активно да се вклучат и јавните комунални претпријатија со расположливите ресурси. Сето ќе го официјализираме на состанокот на Штабот, ни рече Јованоски.
Пожарите, едниот на потегот Ракле-Никодин и другиот, кој избувна ноќеска, во Смолани, каде во опасност е и борова шума, се претежно во непристапен терен. Превентивно, попладнето се евакуирани двајца неподвижни жители од селото Ракле и полицијата ги префрли во Прилеп на безбедно. Цел ден со огнените стихии се справуваа 10-ина пожарникари, вработени во шумското претпријатие и 30 припадници на Армијата.
Огнените јазици се запрени кај Топлица во близина на магистралниот пат Градско-Прилеп.
Ново на Сител
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост