Прилеп со богата програма за пречек на Новата Година
Со повеќедневна предновогодишна програма и со заедничка целодневна, ноќна и полноќна програма, Прилеп ќе ја пречека новата 2019 година.
Во пет дена до Новата Година со бројни перформанси, музика, концерти, претстави и прошетки на новогодишно украсеното градско вовче, со детски „Новогодишни бајки“, Прилеп подготви целосна новогодишна програма.
-Овие предновогодишни денови во тек се повеќе забавни активности, најмногу за најмладите. Така, до 30-ти декември по двапати на ден ќе се прикажува новогодишна претстава за деца „Новогодишна бајка“ во киното „Мис Стон“, во изведба на „Мал прилепски театар“. Секој ден ќе се изведуваат улични перформанси „Работилница во Лапонија“ во изведба на „Чин четири сцена пет“. Вклучено е и градското вовче како дел од сценографијата и перформансите што ќе се изведуваат на плоштадот во центарот на Прилеп во текот на денот во одредени временски интервали. Вовчето и џуџињата ќе се дружат и ќе се забавуваат и со креативниот базар, поставен во центарот, каде се претставуваат рачни изработки на креативните прилепчани. Се изработи и компакт диск- десет новогодишни хитови преведени
Во сета предновгодишна програма со перформансите активно е вклучено студиото „Зодијак“.
Новогодишната програма на 31 декември, в понеделник, почнува за најмладите, во 11 часот.
-Ќе почне со новогодишната парада
Вечерната новогодишна програма на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во центарот на Прилеп ќе започне на 31 декември од 21, 30 часот. За новогодишната атмосфера прво ќе се погрижи
Нино Величковски, потоа „Гоце Чоки и Фортисимо Бенд“, а одборјувањето за Новата 2019 година прилепчани ќе го следат со групата „The Hounds“ и со огнените перформанси на „Agni Fire Dance“, а во првите часови од Новата Година ќе биде настапот на „Dj Dave Schwartz и Alek Zoung“ како дуо „Architek“.
За време на вечерната новогодишна забава во центарот на Прилеп ќе се служат топли напитоци.
Ново на Сител
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години
-
Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари,мерките даваат резултати