Прилепчаните Мери Мирческа и Александар Стојкоски ќе трчаат на Мон Блан

Прилепските спортисти Мери Мирческа и Александар Стојкоски, ќе ja претставуваат Македонија на најпрестижната светска трка во планинско трчање во Шамони, Франција, во подножјето на „покривот“ на Европа, Мон Блан.
Трката ќе се одржи на 30 август наредната година. Ова беше соопштено на денешната средба на двајцата млади спортисти со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.
Трката која ќе се одржи на 30 август 2019 година, е во должина од 171 километар и е во организацијана Меѓународната Асоцијација за трчање во планина (ITRA).
Јованоски денеска се сретна со двајцата млади спортисти и им изрази поддршка во подготовките и за учеството на оваа најпрестижна трка во планинско трчање.
Во последните три години Мирческа и Стојкоски имаат учествувано на повеќе трки во земјава и во странство, со што се стекнале со доволен број поени за учество на трката UTMB (Ultra Trail du Mont Blanc) во Шамони, Франција.
Како што информираат од локалната самоуправа, Мери Мирческа и Александар Стојкоски се добитници на Третоноемвриската награда што ја доделува Прилеп, за спортски достигнувања во 2016 и 2017 година.
Двајцата се рангирани како најдобри планински тркачи во Македонија, во женска и во машка категорија со највисоко ниво на поени.
Ново на Сител
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
