Прилепчанката Катерина Заова на фејсбук објави како преминала во ислам и се забули
"Родена сум во Христијанско семејство, од татко Македонец и мајка Македонка и ние две деца, јас бев најмалиот член на семејството, имам само една сестра поголема. Сите знаеме дека верата доаѓа од потеклото на семејство, така и јас пораснав во верата на моите родители." Вака почнува сторијата за извесна Катерина Заова од Прилеп која на својот фејсбук профил https://www.facebook.com/katerina.zaova?fref=ts објави дека од христијанска преминала во исламска религија. Дали станува збор за вистински или лажен профил не е потврдено, па сепак приказната, вистинска или не, предизвика голем интерес на социјалните мрежи и затоа изворно, онака како што е напишана ја споделуваме со вас. А таа продолжува вака:
Моето детство го поминав кога сирак без татко.
Kако што растев, се плашев да излегувам со другарките, се плашев од лошото друштво, што можеби подоцна би имало последици врз мене и моето семејство. Често пати размислував што значи живот, зошто сме родени, зошто постоиме?. Како растев така и моето интересирање за верата растеше. Скоро секоја вечер го молев Бога да ми го олесни животот, плачев и ја читав Библијата, одев во црква, се молев..но никогаш не најдов утеха, си мислев можеби ова не е вистинската вера за мене. Во ништо не се пронајдував, ништо не ме влечеше кон Христијанството.
Оттогаш, барав, зошто да верувам во црквата, зошто да бакнувам икони, кои се лажен мир за срцето и душата, Сето оваа го размислував, но немав никој и не знаев никој со кој можев да разговарам. Тогаш многу ми беше тешко. Бев немоќна. Сакав да откријам нешто вистинско што ќе ја смири мојата душа, но не знаев поточно што барав. Бев немоќна !? Но Аллах е Моќен, ми испрати човек преку кој ја дознав вистината ! Муслиман. Го запознав во Скопје,
Тој ми раскажуваше за исламот и ми подари Куран, Читав Куран... се се промени со читањето на Куранот, тоа што го барав со години веке го дознавав, го запознав Исламот, ја открив вистината, суштината на животот, се што порано барав го најдов во Исламот.
Секој ден откривав нешто ново. Го засакав хиџабот, се чувствував така чисто додека читав гласот ми трепереше и неможев да престанам да плачам, што реков сама на себеси дека ова чувство нема да дозволам да го напуштам. Од мојата голема верба во Аллах, се одлучив да одам во Битола, Отидов со голема надеж, знаев дека Аллах е со мене, срцето ми лупаше брзо, а јас едвај чекав да стигнам во дворот на џамијата, кога пристигнав таму примив ислам, тоа чувство неможе да се објасни, плачев од среќа..заминав дома и се прашував како ќе реагираат моите..
Кога ме видоа со хиџаб, многу беа изненадени и налутени, бев смирена, плачев пред нив, многу плачев се гушев во моментот не можев да кажам ништо, ниту еден збор..
Со Неговата(Аллаховата) помош го направив тоа што го сакав.
Чувствував дека намазот не ми беше доволен за да ја искажам мојата покорност на Аллах. Од тогаш носам хиџаб, се покрив. Планирам да го сменам и името.
Многу сум среќна со Исламот и сакам сите така да се чувствуваат.
Кога ќе бараш од срце, Аллах самиот ќе ти ја покаже вистината и ќе те приближи до Него....
Јас ја најдов вистината, нема потреба повеќе да барам. Ја најдов...
Катерина Заова
https://www.facebook.com/katerina.zaova?fref=ts
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност