-->
-->
Примера: Атлетик Билбао „фаќа ритам“
-->

Екипата на Атлетик Билбао ја постигна и третата победа во Примера откако синоќа пред своите навивачи го победи Хихон со 3:0 и притоа на последните четири натпревари освои 8 од можните 12 бодови. Два гола постигна Артиз Адуриз, а еден Маркел Сусаета.
Атлетик Билбао со новите три бодови има вкупно 11 и се проби на 12.место, додека Хихон остана на 17.место со 9 бодови.
На другите дуели од 9.коло беа постигнати следниве резултати:
Атлетико Мадрид – Валенсија 2:1,
Барселона – Еибар 3:1,
Лас Палмас – Виљареал 0:0,
Леванте – Реал Сосиедад 0:4,
Малага – Депортиво 2:0,
Севиља – Хетафе 5:0,
Гранада – Бетис 1:1,
Селта – Реал Мадрид 1:3 и
Рајо Ваљекано – Еспањол 3:0.
Табела: Реал Мадрид 21 бодови, Барселона 21, Атлетико Мадрид 19, Селта 18, Виљареал 17, Депортиво 13, Еибар 13,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
