-->
-->
Примера: Победи за Реал и Барселона
-->

Барселона и Реал славеа победи во второто коло во Примера. Покрај најголемите кандидати за титулата победа оствари тимот на Селта, додека Реал Сосиедад и Спортинг Хихон одиграа без голови.
Барселона минимално славеше над Малага иако во текот на натпреварот имаше неколку одлични шанси за постигнување на гол. Бункерот на Малага го проби дефанзивецот Томас Вермален во 72.минута. Малага во последната минута имаше добра шанса за израмнување на резултатот, но напаѓачот Чарлс не успеа да го совлада Браво.
Реал без да прикаже некоја блескава игра го декласираше Бетис на „Сантијаго Бернабеу“. Серијата на голови ја отвори Бејл во втората минута, за голот на Велшанецот му асистираше Хамес Родригез. Колумбиецот го удвои водството на Реал со прекрасен гол од слободен удар во 39.минута.
Во второто полувреме, Бензема по центашутот на Бејл лесно го совлада Адан во 47.минута, а само две минути подцна Хамес Родригез со својот втор гол зголеми на 4:0.
Бетис имаше можност да го намали водството на противникот, но Кејлор Навас успеа да го одбрани пеналот кој го изведе Рубен Кастро.
Убедливата победа на Реал ја заокружи играчот кој ја отвори серијата на голови, Герет Бејл кој го матираше Адан во претпоследната минута од мечот и ги постави конечните 5:0.
Селта лесно се справи со Рајо Ваљекано и славеше со головите на Нолито во 10. и 50.минута, односно Фонтас во 88.минута. Работата на Селта и ја олесни противничкиот голман Тоњо кој во деветтата минута направи прекршок за пенал, поради кој доби дирекетен црвен картон.
Реал Сосиедад, во чии редови дебитираше повратникот Иљараменди, одигра без победник 0:0 против Спортинг Хихон. Двата тима по два одиграни натпревари немаат постигнато гол во шампионатот, во воведното коло Сосиедад одигра без голови против Депортиво, а Спортинг против Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
