Принцот Хари поради љубов ја прекрши кралската традиција
Британскиот принц Хари неодамна ја побара за жена својата девојка, американската актерка Меган Маркл,, со што ја прекрши повеќедецениската кралска традиција, објавија лондонските медиуми.

Имено, според традицијата во британското кралско семејство, веридба е можна дури по две години љубовна врска.
Меѓутоа, како што наведуваат медиумите, 32-годишниот Хари решил да го прекрши правилото и „пред време“ да ја запроси 36-годишната Меган поради две причини - големата љубов кон неа, но и желбата неговиот дедо, принцот Филип и него да го види пред олтарот.
Хари ја „побара раката“ на Меган за време на нивниот неодамнешен одмор во африканската држава Боцвана, но наместо прстен, актераката доби нараквица.
Вереничкиот прстен, вреден 100.000 фунти, изработен од накитот на мајката на Хари, покојната принцеза Дајана, Меган ќе го добие „нешто подоцна“, откако веридбата официјално ќе ја одобри кралицата Елизабета.
Според неофицијални изввори, се очекува веридбата официјално да биде објавена во текот на септември, бидејќи идните младенци веќе добиле благослов од кралицата.
Ново на Сител
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
