-->
-->
Приштина прекрши 3 Договори и формираше своја војска - Српските пратеници не присуствуваа на седницата, во салата одекна громогласен аплауз
-->
Косовското Собрание со гласовите на сите присутни пратеници, на денешната пленарна седница ги усвоија законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично прераснуваат во Војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
За трите закони, оној за Министерството за одбрана, за ФСК, и за службување во ФСК, гласаа сите 107 пратеници присутни на седницата, од 120 колку што вкупно брои косовскиот Парламент.
Гласот „за“ формирање на војската го дадоа сите пратеници Албанци, и од власта и од опозицијата, како и оние на немнозинските етнички заедници, освен претставниците на косовските Срби. Десетмината пратеници на Српската листа ја бојкотираа денешната седница.
Како што претходно беше објаснето од страна на српското државно раководство, Приштина ги прекрши меѓународните договори, Кумановскиот договор, Резолуцијата 1244 и Бриселскиот договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд