Пристигнаа 12 респиратори донација од Европската Унија
Како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, денес во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење - респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“. Набавката е реализирана преку агенцијата на обединетите нации УНОПС, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, како надлежна институција за координација на странската помош во земјава.
„Овие 12 машини ќе го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за справување со епидемијата и соодветно третирање на пациентите, што е еден од главните предизвици во справувањето со епидемијата. Во овие сложени околности и отежнати услови за набавка на овие респираторни машини, набавката и доставата на овие машини претставува огромен успех.“ порача Османи, упатувајќи посебна благодарност до претставниците на ЕУ во земјата, како и до администрацијата задолжена за реализација на набавката.
„Особено сум горд на вработените во Секретаријатот за европски прашања, кои во соработка со агенцијата на ОН успеаја да ги надминат сите технички, процедурални и транспортни предизвици за да ја обезбедат оваа сложена набавка“ - порача Османи.
Респираторите кои денес пристигнаа во земјава се произведени во Јужна Кореја, а според договорот потпишан на 3 април, останува преку УНОПС да се испорачаат уште осум респираторни машини или вкупно 20. Во рамките на помошта од Европската Унија, во континуитет пристигнува медицинска и заштитна опрема согласно утврдената приоритетна листа.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст