Притвор за еден од напаѓачите од М-НАВ

Триесетдневен притвор му одреди Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје на петтиот осомничен за упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари.
- Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решение со кое жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија попладнево од Кривичниот суд.
Против ова решение, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, не е дозволено право на жалба.
Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.
Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
За упадот во зградата на М-НАВ и нападот врз вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор. По жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува мерките на претпазливост, во мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
