Притвор за штипски крадец кој имал 17 кривични за сторени 30 кривични дела
СВР Штип до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.С.(19) од Штип осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“ и пет кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин.
МВР денеска соопшти дека пријавениот е лишен од слобода и приведен во Полициската станица во Штип.
Од извршениот разговор со сега веќе пријавениот било констатирано дека во периодот од 08 до 24 овој месец на подрачјето на Штип во различен период од денот на повеќе улици „Славчо Стојменски“, „Христијан Карпош“, во близина на маркет, „Солунска“, „Панче Караѓозов“, позади трговски центар „Елкос“, ул.„Браќа Даневи“, како и во непосредна близина на детската градинка кога нема зголемена раздвиженост напаѓал возрасни жени (од 46-67 години) кои се движеле сами и ги ограбувал на дрзок начин. С.С. одземал златен накит и го продавал во златари во Штип и Кочани.
Од преземените мерки од страна на полициските службеници од златара во Кочани одземени се златни ланчиња и вратени на оштетените.
Пријавениот со кривичната пријава е предаден на судија на предходна постапка , кој на истиот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Инаку, пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Штип од март годинава до сега му се поднесени 17 кривични пријави за сторени 30 кривични дела.
Ново на Сител
-
Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти
-
Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип
-
Лазаров го објави списокот на ракометари за собирот пред средбите со Фарски Острови
-
Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
-
Партиите и коалициите продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен
-
125 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца полицајци убиени во престрелка во Северна Каролина
-
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај