-->
-->
Притвор за скопјанец за измама при купопродажба на возила
-->
МВР поднесе кривична пријава против А.Љ. (32) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело измама на 17 лица при купопродажба на половни моторни возила. Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски, А.Љ. измамите ги вршел на идентичен начин во периодот од мај до јули годинава.
- Во својство на полномошник на две правни лица А.Љ. кај нотари во Скопје склучувал договори за купопродажба со физички лица, но не го исплаќал договорениот износ. Напротив, уште истиот ден или во наредните денови возилата ги препродавал на други физички лица и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу пет милиони денари, изјави Ангеловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед
-
Полицајци им помагале на затвореници да бараат дрога, се правдале дека барале часовник земен од затворското куче
-
Судскиот совет го „чешла“ предметот за пресудата на смртно прегазената 22-годишна Теодора Ристовска
-
Судење за модуларната болница - изградбата по спецификација, роднините примиле обештетување од болницата
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи