Притвор за вработен во шумската полиција осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Примање поткуп“.
Како што информира денеска Јавното обвинителство, осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно за да не му прави контрола на сведокот – референт за сеча и дотур во правно лице. Откако му ги побарал парите, сведокот го пријавил.
Врз основа на наредба од јавен обвинител за примена на посебни истражни мерки, на сведокот му биле дадени обележани банкноти за да ја изврши исплатата. Веднаш по приемот на поткупот, парите биле пронајдени кај осомничениот и тој бил лишен од слобода.
- Јавниот обвинител оцени дека постојат законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
