Приведен 25-годишник додека крадел од подрум на зграда во реонот на Бит Пазар
Дваесет и петгодишниот скопјанец О.М. вчера во 20.35 часот е лишен од слобода во реонот на Бит-пазар, откако бил затекнат при извршување кривични дела „тешка кражба“.
Како што соопшти МВР, него го привеле полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит пазар.
– Со употреба на сила и подесен алат, тој од подрумски простории од зграда одзел разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари. Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените, информира Министерството за внатрешни работи.
По целосното документирање на случајот, наведува МВР, ќе следува кривична пријава за извршени седум кривични дела „тешка кражба“
Ново на Сител
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“