-->
-->
Приведен 25 годишник, се обидел да избега со „ауди“ и удрил во паркирано возило на МВР
-->

На 17.03.2025 во 22.10 часот, полициски службеници го привеле Н.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, затоа што со патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, со кое полициски службеници се обиделе да го сопрат по претходно добиени сознанија дека превезува мигранти.
Притоа, со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, а во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
