-->
-->
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-->
На 15.04.2024 во 19.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(40) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „шкода“ биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“