Приведен дилер во Скопје

Полициски службеници денеска лишија од слобода скопјанец откако кај него биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана.
-Денеска околу 00:00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Ѓ.(20) од Скопје. Имено, полициски службеници го забележале лицето како остава нешто во напуштен објект на подрачјето на Чаир. Откако му бил даден знак да го запре возилото со кое дошол, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен. Притоа, од него била одземена торбичка со остатоци од марихуана и пари во различни апоени, додека во напуштениот објект биле пронајдени и одземени две тегли со марихуана, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, подоцна по дополнителни проверки во истиот објект биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

30 ученици кои се на подолго лекување, успешно го завршија првото полугодие со онлајн настава
-

Филипче: 2026-та ќе биде кризна година, со покачени цени, ниски плати и закочени евроинтеграции
-

Мицкоски: СДСМ намерно сее паника и страв, следната година ќе враќаме нивни долгови
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
