Приведен газда на ноќен клуб од Куманово - Го затекнале како внесува ПП апарати, пронашле и пиротехника
По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот, сопшти МВР.
Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства
. Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите. За настанот бил известен јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!