-->
-->
Приведен гостиварчанец - кај него пронајдени над 15.000 парчиња пиротехнички средства
-->
Денеска (22 декември) околу 10.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К. (24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства.
З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости