Македонија
28. March 2024 - 11:18

Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела

Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице.

Како што денеска соопшти МВР, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата вчера од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани.

Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.