Македонија
27. јуни 2024 - 10:12

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (27.06.2024) околу 4 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с. Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од с.Морани, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд- Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.