Македонија
25. December 2024 - 16:42

Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците

Во целост исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците. За  6 месеци владата обезбеди 40,6 милиони евра, за државната помош која не им се исплаќаше изминативе години, како и 27,6 милиони евра за оваа година. За сточарите, лозарите, овоштарите, тутунопрозиводителите и останатите земјоделци вкупно се исплатени околу 70 милиони евра. За 6 месеци над 4,3 милијари денари се исплатени кон македонскиот земјоделец. Ова е историска сума. Со ова докажуваме дека ја враќаме довербата кон земјоделците и и земјоделството, како стратешка гранка., изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие.

Со редовната исплата Трипуновски очекува да се врати интересот кон земјоделието. Сегашните бројки се поразителни. Скоро третина од земјоделците за 10 години ја напуштиле оваа гранка и затоа јадеме наместо домашно,- увозно овошје и зеленчук.  Ако во 2014 та имало 90 илјади регистрирани земјоделци, бројката сега е едвај 65 илјади. Преполовени се и одгледувачите на крупен добиток. Од 260 илјади грла пред 10 години, сега имаме едвај 140 илјади. Целта ни е да се врати домашното прозивдоство, додава Трипуновски. Наместо од увоз, да јадеме од домашно производство.

Министерот најави измени и во мерката здрав одброк за децата во предучилишна возраст. Лани биле потрошени 50 илјади евра за јаболка, круши и сливи кои децата потоа ги фрлале. Ефектот според него, од оваа мерка бил нула, па затоа ќе претрпи модификации.