-->
-->
Приведен криминалец од Скопје баран со потерница за казна затвор од седум години
-->
Денеска (28.10.2022) околу 14.30 часот на подрачје на ЕВР Чаир, полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Оделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(42) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна од седум години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата