Приведен криминалец од Струшко баран со три потерници за издржување казна затвор
Службеници од Полициската станица – Кисела Вода денеска во 10:20 часот на улица „Христо Татарчев“ во Скопје го лишиле од слобода Т.О. (45) од струшкото село Октиси, по кого биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години.
По наредба на Основен суд Скопје 1, информираа од МВР, Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело „измама“ по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за друго кривично дело „измама“ и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „незаконито вселување“ по член 246 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Ново на Сител
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки