Приведен криумчар на мигранти, во неговото возило пронајдени 44 лица
Полициски службеници лишиле од слобода 23-годишник од демирхисарското село Сопотница, откако кај неговото возило биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници.
– Синоќа околу 19:40 чaсот на место викано „Страиште“, во близина на Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода С.Л.(23) од с.Сопотница, демирхисарско. При преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија. Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано
-
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција
-
Српското Независно здружение на новинари побара локалните медиуми да ги избришат фотографиите и снимките од погребот во Кочани
-
ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Заменикот МНР на Грција се потпиша во книгата на жалост и изрази сочувство за трагедијата во Кочани
-
Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани
-
Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат