Македонија
25. July 2024 - 9:32

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.