Македонија
1. јуни 2021 - 11:39

Приведен скопјанец на Меѓународниот Аеродром - Скопје баран со потерница

На 01.06.2021 во 00.05 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ од полициски службеници бил приведен С.О.(65) од Скопје бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Сектор за меѓународна полициски соработка.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Чаир за спровод до Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ – Скопје.