Приведен скопјанец, пренесувал мигранти од Непал

Четири лица од Непал се пронајдени во возило на скопјанец во близина на граничниот премин Ќафасан, возачот приведен за криумчарење мигранти, соопшти денеска СВР Охрид.
Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, според информацијата, синоќа во 22 часот и 50 минути, од слобода го лишиле Џ.Б.(40) од Скопје, кај место викано „Борови“ на магистралниот пат Струга-Граничен премин Ќафасан.
-Тој се сомничи дека со неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки врши криумчарење мигранти. Во близина на возилото забележани се четири женски лица кои се обиделе да избегаат, но веднаш се фатени и констатирано е дека станува збор за четири државјанки на Непал, од кои три на возраст од 22 и една на возараст од 34 години, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Мигрантите и возачот се предадени во ОВР Струга за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
