Приведен скопски дилер на кокаин
- Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал - Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
МВР соопшти дека врз основа на судска наредба на 21 јуни полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени две полиетиленски пакувања со наркотична дрога кокаин со маса од 161 грам, дигитална вага, 22 банкноти во апоени од по 50 евра, два мобилни телефони марка со СИМ картички и уште една СИМ картичка.
Пријавениот, во текот на овој месец во повеќе наврати патувал во Косово, од каде набавил кокаин, кој го пренел во Република Македонија заради понатамошна продажба. Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
