Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица.
Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите.
При лишувањето од слобода, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
