Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи и под раководство на Јавен Обвинител кој постапува со интегритет и решителност, се иницира процесот на демонтирање на длабоко вкоренета политичко-криминална структура.
Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, бизнисменот кој долги години профитираше како резултата на блиските врски со политички и еконмски центри на моќ, кој конечно е принуден да одговара пред Законот. Човекот за кој јавна тајна беше дека со години пливаше во сенките на системот, штитен од политичко-бизнис елитата и кој се препознава како симбол на една епоха на институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување.
Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор.
Во пријавата опфатени се 15 правни и 23 физички лица.
Ново на Сител
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
