Приведен возач на „мерцедес“ отако удрил во возило на МВР
Две лица се повредени од кои едно потешко при судир на „мерцедес“ и возило на МВР рано изутринава во Охрид.
- Во 00.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ се случила сообраќајна несреќа. Станува збор за патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот С.А. од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Н., на возраст од 37 години, од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А., на возраст од 42 години, од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, се појаснува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода, како што се наведува во соопштението, поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети