-->
-->
Приведена 26-годишна скопјанка барана по централна потерница за доиздржување затворска казна
-->
Полициски службеници од тимот потраги од одделенијата за криминалистички работи Центар и Бит Пазар вчера ја лишиле од слобода С.Д. (26) од Скопје, барана за доиздржување затворска казна.
Какк што соопшти Министерството за внатрешни работи, таа била осудена на казна затвор од четири години и три месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, а била барана по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од речиси шест месеци.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, инфромираат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици