Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро.
Париската полициска префектура изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.
Се додава дека е отворена истрага и дека се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).
Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември, инфлуенсерот Лорис Џулијано организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на неговиот документарен филм.
Потоа беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.
МИА
Ново на Сител
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
-

Маск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“
-

Приведени осум возачи, управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка
-

На тренерот и играчите на Ал-Наср им е забрането да разговараат со новинари поради ситуацијата со Роналдо
-

Сто лица добиле поддршка во 2025 од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци
-

Лото и џокер на само еден клик од тебе - играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
-

МНР на Србија: Загриженост поради симболите и пораките во Хрватска
