Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Б.(31) од с.Арачиново, скопско, Ј.Р.(35) од с.Умово, општина Студеничани и Е.М.(27) од Виница.
Под дејство на алкохол возеле Д.С.(42) од Тетово, Н.П.(60) од Скопје, Д.С.(42) од Кичево, како и Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко, В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и Д.М.(19) од с.Пирок, тетовско, кои управувајќи возила под дејстов на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи. Воедно, Д.М. од с.Пирок, го управувал возилото и без возачка дозвола.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
Ново на Сител
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
