-->
-->
Приведени дрвокрадци од Неготино
-->
Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност синоќа на местото наречено „Чардак“, неготинско ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата од Неготино.
Како што известуваат денеска од МВР, при преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација, а дрвата и возилата им биле одземени за понатамошна постапка.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан