Македонија
7. August 2022 - 12:06

Приведени двајца дилери при обид да продадат хероин

 Две лица од Скопје се приведени при обид да продадат хероин на други две лица од Кочани.

Како што денеска информира од МВР, полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера во 15.00 часот во Кочани,  ги лишиле од слобода И.А.(60) и Х.Ш.(62), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.