Приведени двајца измамници од Скопско

Полицијата вчера привела две лица од Скопско, поради основано сомневање дека сториле кривично дело измама.
-Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение криминалистички работи Гази Баба во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, вчера (31.08.) околу 14,00 часот на обиколница Скопје, во близина на клучка за Приштина, од слобода ги лишиле лицата А.М. (50) од село Бојане-скопско и И.З. (46) од село Копаница-скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“ по член 247 од КЗ, информираат од МВР.
Истиот ден околу 09 часот, 55-годишно лице пријавило во ОВР Делчево дека извесно лице што се претставило како Д.Н., му се јавило на неговиот мобилен телефон нудејќи му да транспортира стока од Велес до Делчево за сума од 750 евра, но, притоа да помине и во Кочани, каде што од лице од овој град требало да земе производи и да му остави 21.500 денари.
Педесет и петгодишното лице, како што соопштуваат од МВР, бидејќи имало информации за слични измами, сомневајќи се во понуденото, решило да го пријави случајот.
Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и во врска со измамата, на обиколница Скопје, кај клучката за Приштина приведени се А.М. (50) и И.З. (46), кој бил спречен откако се обидел да избега. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
