-->
-->
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти
-->

На 10.02.2025 околу 12.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од с.Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко.
Имено, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
