Приведени двајца Срби кои криумчареле мигранти
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, денеска во 14:30 часот во село Удово, Валандовско, ги лишиле од слобода Л.Р.(21) и А.М.(20), двајцата од Република Србија.
Како што информираат од МВР, при преглед во возило „мерцедес” со српски национални ознаки, кое го управувал Л.Р., а совозач бил А.М., биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан.
-Претходно, возилото не застанало на знак за запирање, даден од полициски службеници, по што во обид да побегне удрило во столб на бензинска пумпа. Притоа, мигрантите се здобиле со повреди констатирани од екипа на Итна медицинска помош Валандово. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените