Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира Обвинителството првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат и дополнителни износи.
На 04.04.2025 година, додаваат од ОЈО - Скопје, во автобус бр.7 на ЈСП-Скопје, на релација од поликлиника Букурешт до Рекорд, осомничената украла паричник во кој имало 2.600 денари, банкарска картичка и други документи, а кога оштетениот се јавил да ја блокира сметката од банка му кажале дека од банкомат веќе му биле подигнати 30.000 денари.
Во текот на август 2025, во трговски центар во Скопје, три пати вршела кражби на паричници во кои имало документи, картички, пари и други вредни предмети со што првично прибавила противправна имотна корист од 39.000 денари. Потоа од картичките се обидувала да извлече уште пари, што кај една оштетена и успеало и од банкомат на два пати и повлекла од сметката вкупно 60.000 денари.
Последниот пат на 04.01.2026 година двете осомничени заедно, повторно во продажен објект на трговски центар, украле паричник од оштетена и други предмети во вкупна вредност од 3.000 денари, а потоа два пати неуспешно се обидувале од банкомат да повлечат пари од сметката на оштетената.
-Бидејќи во конкретниот случај постојат индиции дека осомничените во двата успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН кодови кои жртвите, повозрасни лица, ги чувале запишани во своите паричници, јавниот обвинител презема дејствија за да испита дали осомничените исполниле и елементи на кривично дело – Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, додаваат од ОЈО Скопје.
За осомничените странски државјанки предложена е мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
