Приведени две лица, пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 50 илјади евра
На 08.04.2022 од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Гевгелија во Гевгелија беше спречен транспорт на 16 килограми марихуана во вредност од 50 илјади евра, која требало да биде транспортирана од нашата држава до Република Грција, како крајна дестинација, при што лишени се од слобода две лица.

Имено, по преземени мерки и активности во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови во с.Мрзенци била запленета марихуана, спакувана во 20 полиетиленски пакувања кои биле сместени во 2 торби, а на 11.04.2022, по обезбедени материјални докази, биле приведени Т.П.(30) од Валандово и Ј.Р.(31) од Гевгелија, при што се запленети две возила и неколку мобилни телефони.

Денеска (12.04.2022) од страна на СВР Струмица - ОВР Гевгелија до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик и лицата ќе бидат спроведени до Судија на претходна постапка од Основен Суд Гевгелија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
