Приведени разбојници во Скопје
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје денеска расчистија кривично дело разбојништво, сторено синоќа на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје.
– Имено, околу 00.45 часот вработен на бензинската пумпа пријавил дека едно лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет. Набргу, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронашле и лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје, а бил пронајден и предметот со кој го извршил делото. Притоа, тој го признал делото, а по дополнителни преземени мерки било утврдено дека откако го извршил делото бил физички нападнат од неколку лица кои биле со патничко возило „мерцедес“, кои му ги одзеле парите, соопштија од МВР.
Исто така, по преземени мерки, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба било пронајдено возилото и лицето кое го управувало Р.С.(25) од с.Сингелиќ, Скопско.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
