Приведени три лица за вчерашното убиство во Чаир
Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момче во Чаир, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, пријателите и луѓето кои биле во контакт со убиениот, истакна Спасовски при посетата на полицискиот центар за обука во Идризово.
Според него, се очекува во текот на истрагата да се дознаат мотивите на извршителот и да се обезбедат докази во однос на извршителот.
Министерот посочи дека овие настани не можат да се превенираат ниту со присуство на полицајците на улиците. Нивна работа, нагласи Спасовски, е да бидат експедитивни, а не селективни и да пристапуваат кон сите случаи ефикасно за нивното откривање.
Уште еднаш повтори дека полицијата работи на откривање и приведување на извршителите на убиствата кои се случија во изминатиот месец. Потсети дека се знае кој е убиецот на младиот Мартин Јанушев, но се работи на негово обезбедување, како и на откривање на убиствата во Струга и Чаир.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228