Приведени три странски државјанки, работеле без дозвола
Две србинки една русинка утрово биле задржани во полициска станица откако било утврдено дека работеле во угостителски објект, без потребните дозволи, односно го злоупотребиле туристичкиот престој.
Според информациите на СВР Тетово, утрово (13.08.2021) во периодот од 01.00 до 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола во угостителски објект во гостиварски Добридол, сопственост на Р.Б.(28) од Добридол.
-За време на контролата во објектот биле затекнати три македонски и три странски државјанки (две од Србија и една од Русија), кои работеле во наведениот објект. Странските државјанки биле приведени поради злоупотреба на туристичкиот престој, наведуваат од СВР Тетово.
Приведените девојки се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документираче на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости