Приведено лице од Битола за неовластено производство на дрога, поднесена кривична пријава
СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против С.Ш.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како што соопшти МВР, во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабис сатива, добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба“ и преземал активности за негово одгледување.
На 08.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пријавениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од слобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим