Приведено лице од тетовско, при претрес пронајдени дрога и оружје
На 29.11.2020 околу 18.00 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихана.
Претходно, М.М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на лице место била пронајдена една чаура кал.7,62мм. Тој бил приведен и задржан во Полициска станица Тетово. По целосното документирање на случајот на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот