Македонија
24. August 2024 - 15:01

Приведено лице осомничено за полов напад

Приведено е лице со иницијали Д.Х. осомничено за полов напад. 

-Д.Х. е лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад и други дејствија’ и во координација со ОЈО работиме на расчистување на случајот – информира полицијата.

Неофицијално, осомничениот нападнал момче во парк во една скопска населба околу 3 часот по полноќ. Инаку, Д.Х. е татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава.